4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДобивката на италијанските банки намалена пет пати

Добивката на италијанските банки намалена пет пати

italija1

Добивката на италијанските банки претрпе тежок удар минатата година, а банкарската маржа е на „историско и рекордно ниско ниво“, оценија претставниците на италијанската банкарска асоцијација АБИ.

Вкупната добивка на италијанските банки во 2012 година изнесуваше една милијарда евра, таа е пет пати помала од добивката која беше забележана една година претходно, објавија од АБИ во својот најнов извештај.

Намалувањето на банкарската маржа во голема мера се препишува на влошувањето на квалитетот на кредитите, изјави извршниот директор на АБИ, Џовани Сабатини.

Кога би се исклучило влијанието на различните еднократни стафки, отписи и корекции, тогаш може да се заклучи дека вкупната италијанска банкарска индустрија во 2012 година би забележала загуба од 1,8 милијарди евра.

Извештајот на АБИ кој беше објавен во вторникот, опфати 39 банкарски групи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП