22 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАЌе се зајакнува економската соработка со Република Бугарија, потпишан меморандум со бугарската...

Ќе се зајакнува економската соработка со Република Бугарија, потпишан меморандум со бугарската Агенција за инвестиции



На вчерашната заедничка седница помеѓу владите на Република Македонија и Република Бугарија, беше потпишан и меморандумот за соработка помеѓу бугарската и македонската агенција за инвестиции.

Со потпишувањето на овој меморнадум, двете страни се заложуваат за зајакнување на соработката и преземање на конкретни мерки за стимулирање и зголемување на трговската размена и инвестициите. Двете агенции активно ќе соработуваат и на размена на искуства и идеи околу привлекувањето на странски инвестиции и подобрување на условите за компаниите. Во претстојниот период, претставници на двете агенции ќе изработат акциски план и ќе ги дефинираат приоритетните области и теми за соработка.

“Републкиа Бугарија е еден од најважните трговски партнери на Македонија и има многу бугарски компании кои се присутни на нашиот пазар, но и македонски кои инвестираат таму. Нашата цел е ја зајакнеме соработка и да овозможиме подобри услови за инвестирање и работа на овие компании, како и да отвориме можност за зголемување на инвестициите. Откако ќе ја подобриме инфраструктирата и поврзувањето со Република Бугарија, можностите за ова значително ќе се зголемат а ние треба да бидеме подготвени за поддршка на компаниите и претприемачите кои имаат интерес за инвестирање и бизнис“ – истакна Дарио Николовски, Директор на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП