25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДелови од Ѓорче Петров и Илинден во понеделник без струја

Делови од Ѓорче Петров и Илинден во понеделник без струја

Од ЕВН информираат дека в понеделник, поради закажани технички зафати, неколку скопски општини ќе останат без електрична енергија.

Корисниците на Старскиот дом во Волково, како и викендиците околу него во општина Ѓорче Петров ќе останат без електрична енергија во период од 8.30 до 9.30 часот.

Во истата општина без електрична енергија во периодот од 8.30 до 12.30 часот ќе бидат и корисниците од с. Ново Село кај училиштето во Ново Село под ул. 4 и с. Ново Село – сретсело.

Од ЕВН информираат дека најдолго, односно од 8.45 до 15 часот, без електрична енегргија ќе бидат корисниците од фирмите „Оптима“, „Фудбазар“, DHL, „Ванекс“, „Чеза“, „Ролопласт“, мотелот „Белви“ и „Феликс“ во општина Илинден.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП