17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо САД се очекува нов рекорд од продажбата на Црниот петок

Во САД се очекува нов рекорд од продажбата на Црниот петок

Уште само неколку часа до црниот петок во САД, а веќе има големи редици луѓе пред продавниците кои чекаат да купат за многу помала цена од вообичанео. Се очекува оваа година Американците да потрошат над еден трилион долари или 6 отсто повеќе од минатата година. Очекуваните намалувања се од 40 до 60 отсто, дури и за најскапи брендови.

„Дејли мејл“ проценува дека само во Англија корисниците ќе потрошат по продавниците и на интернет околу 8 милијарди фунти од денеска до крајот на неделата, што е зголемување во однос на минатата година.

Сепак, повеќе популарност има таканаречениот сајбер-понеделник. Ова е првиот ден од неделата по црниот петок, чија идеја е да се стимулира онлајн-трговијата.
Очекувањата се оваа година за сајбер-понеделникот Американците да трошат 6 милијарди и 600 милиони долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП