6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо повеќе градови високо загадување на воздухот

Во повеќе градови високо загадување на воздухот

Утринава е регистрирано високо загадување на воздухот во повеќе градови во Македонија.

Мерните станици утрово во 9 часот измериле висока застапеност на ПМ10 честичките во Центар, Карпош, Лисиче, Гази Баба, Битола, Кичево, Тетово, Велес и Кавадарци.

Средно загадување е измерено во Миладиновци, Кочани и Куманово, а многу ниско загадување во Лазарополе.

Суспендирани честички со големина помала од 10 микрометри (PM10)

Малите вдишливи честички може да бидат едни од најштетните загадувачки супстанции во воздухот. Суспендираните честички со дијаметар помал од 10 микрометри (PM10) може да продрат длабоко во респираторниот систем на луѓето. Штетните честички се емитуваат во атмосферата од голем број на извори, како на пример издувниот систем на возилата, греењето во домаќинствата, индустриските процеси, електраните, согорувањето на земјоделскиот отпад, согорувањето на отпад од дивите депонии и дворовите и шумските пожари. Емитираните честички, исто така, со помош на хоризонталните воздушни струења може да се пренесат стотици километри од изворите на емисија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП