20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСаудиска Арабија ќе купи американско оружје за 7 милијарди долари

Саудиска Арабија ќе купи американско оружје за 7 милијарди долари

Саудиска Арабија се согласи да купи оружје во вредност 7 милијарди долари, произведени од воените претпријатија од САД, пренесоа светските агенции, цитирајќи информирани извори.

Некои конгресмени можат да се спротивстават на договорот, бидејќи американското оружје придонесе за смртта на мирни граѓани во саудиската кампања во Јемен. Избраните компании се „Рејтон“ и „Боинг“. Претставници од двете компании одбија да дадат коментар.

Договорот е дел од договорот за купување оружје од 110 милијарди долари, потпишан за време на посетата на американскиот претседател Доналд Трамп во Саудиска Арабија во мај.

Продажбата на оружје на Ријад и други земји од Советот за соработка во Заливот е се повеќе контроверзна тема во Конгресот на САД, кој треба да ја одобри зделката. Стејт департментот сé уште не ги извести конгресмените за договорот.

„Ние не ја потврдуваме или негираме продажбата додека Конгресот не биде официјално известен за нив“, изјави официјален претставник на американскиот Стејт департмент. Тој додаде дека Владата ќе земе фактори како рамнотежата на моќта во регионот и човековите права, како и одразот врз индустриската база на воените претпријатија на САД.

Претставник на американската влада рече дека договорот ќе покрие 10-годишен период. До првата реална понуда на оружје може да бидат потребни години, додаде тој.

Договорот може да се соочи со ограничувања во Конгресот. Во јуни републиканецот Боб Коркер, претседател на Комисијата за надворешни работи на Сенатот, објави дека ќе ја блокира продажбата на оружје за Саудиска Арабија, ОАЕ и други земји од Советот за соработка во Заливот поради конфликтот со Катар – друга страна од Заливот, која е исто така сојузник на САД.

Потсетуваме дека во ноември 2016-та година администрацијата на американскиот претседател Барак Обама ја блокира продажбата на прецизната муниција во вредност 1,29 милијарди долари поради загриженоста за бројот на жртвите меѓу цивилното население во Јемен. Околу 4.800 цивилно население загина од март 2015-та година, кога коалицијата предводена од Саудиска Арабија се вклучи во конфликтот, кога се соочува со шиитските бунтовници кои беа поддржани од Иран, потсетуваат агенциите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП