ЕКОНОМИЈА

Словенија има најмоќен пасош од земјите од поранешна СФРЈ

Пасошот на Словенија се најде на десеттото место од извештајот Global Passport Power Rank, заедно со Словачкиот, Полскиот, како и пасошот на Летонија и Литванија.

На државјаните на овие земји виза не им е потребна за патување во 149 држави во светот.

Од останатите држави настанати на тлото на поранешната СФРЈ, зад Словенија по моќноста на пасошот е Хрватска – виза за хрватскиот пасош не е потребна за 144 држави. Со пасошот на Република Србија виза не е потребна за 114 држави.

Македонија има безвизен режим со 108, Црна Гора со 105 држави, а Босна и Херцеговина со 101 држава.

Со пасошот на Република Косово виза не е потребна за 41 држава.