12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОва се моторите за развој на најсилната европска економија

Ова се моторите за развој на најсилната европска економија

Силниот извоз и растечките деловни инвестиции беа клучен двигател за економскиот раст на Германија во третиот квартал, покажаа официјалните податоци.

Деталните податоци за бруто домашниот производ покажаа дека извозот на Германија во тој квартал пораснал за 1,7 проценти, а увозот за 0,9 проценти, што придонесе за тоа нето трговијата да сочинува половина од кварталниот економски раст од 0,8 проценти.

Деловните инвестиции во машини и опрема пораснале за 1,5 проценти, придонесувајќи во растот на БДП од 0,1 процентен поен.

Истовремено потрошувачката на домаќинствата опаднала за 0,1 проценти, а државната потрошувачка стагнирала.

„Краткорочно гледано, влијанието на актуелниот политички застој врз германската економија би требало да биде речиси минимално. Економијата има мноштво позитивни движења, при што надворешното опкружување, вклучувајќи ги и ниските каматни стапки и слабото евро, се уште се доволно поволни за да ја заштитат економијата од политичката неизвесност“, изјави економистот на банката ING Diba, Карстен Брзески.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП