17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСкопје константно загадено во изминативе 24 часа

Скопје константно загадено во изминативе 24 часа

Градот Скопје во изминативе 24 часа константно е загаден.

Мерните единици покажуваат висока концентрација на ПМ10 честичките преку целиот ден.

Вчера вечерта во Лисиче после 20 часот беа измерени 470 микрограми на метар кубен, што е над осум пати повисоко од дозволеното.

Во Центар концентрациите на ПМ10 честички се движеле од 74 до 152 микрограми. Во Гази Баба од 90 до 257 микрограми, во Карпош од 84 до 297 и кај Ректорат 95 до 277 микрограми.

И утрово мерните станици покажуваат висока загаденост над дозволеното.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП