26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРуска иновација: „Копаат“ биткоини и ги греат домовите (видео)

Руска иновација: „Копаат“ биткоини и ги греат домовите (видео)

Во рускиот град Иркутск во Сибир забележан е зголемен интерес за „копање“ криптовалути поради ниските цени за енергија.

Локалните претприемачи смислија начин како енергијата произведена од „копање“ биткоини да ја искористат за греење на своите куќи.

За „копање“ на криптовалути потребни се моќни компјутери кои трошат струја – колку повеќе „копате“, потребно ви е повеќе струја, па и сметките за електрична енергија растат.

Меѓутоа, во Иркутск струјата е евтина – околу пет пати поевтина отколку во Москва.

Како што јавува „Russia Today“, до сега во овој град има околу 1.000 лица кои се занимаваат со „копање“ биткоини. Интересот е толку голем што постои и кафуле во градот во кое можете да платите со оваа виртуелна валута.

„Машините за „копање“ обично се ладат со вентилатори, а топлината потоа се испушта во атмосферата. Ние мислиме дека тоа не е ниту рационално, ниту еколошки“, вели Фрлов за агенцијата „Ruptly“, и додава: „Затоа ние имплементиравме систем кој ја користи топлината од компјутерите за греење на домовите“.

Како што вели Фролов, цената на струјата е критичен фактор во „копањето“. Поради тоа што во овој сибирски град е многу ниска цената на електрична енергија, овој град стана неофицијална руска претстолнина за „копање“ биткоини.

„Заработката од „копањето“ моментално е поголема од трошоците за струја и затоа тоа е рационална работа“, нагласи тој.

Планот на овие претприемачи е до 2020-та со „копање“ да оспособат 2.000 куќи со вкупна површина од 80.000 квадрати и со тоа нивниот капацитет за „копање“ да се прошири на 20 MW.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП