Цената на нафтата се задржа близу двегодишниот максимум поради падот на залихите во САД.
Тоа го подгрева оптимизмот дека напорите на Организацијата земји извознички на нафта (ОПЕК) за намалување на производството даваат ефект, во пресрет на претстојното заседавање на нафтениот картел.
Нафтените фјучерси пораснаа за 0,3 проценти во Њујорк, по растот од 3,4 проценти во претходните два дена, известува Блумберг.
Американската „лесна“ нафта WTI за испорака во јануари се тргуваше на нивото од 58,22 долари за барел на стоковата берза во Њујорк, што е за 20 центи повеќе во однос на претходните денови.
Вкупниот обем на тргување беше околу 46 проценти под 100-дневниот просек.
Северноморската нафта „брент“ за достава во јануари ослаби за седум центи на 63,25 долари по барел на лондонската берза, по претходното поскапување од 75 центи.
Залихите на нафта во САД опаднаа на 457,1 милион барели во неделата заклучно со 17ти ноември, според податоците на американската Управа за енергетски инфорации (EIA).
Сепак, производството во САД порасна петта недела по ред, на 9,66 милиони барели дневно.