22 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОд следниот месец и Турција на црната листа на даночен рај на...

Од следниот месец и Турција на црната листа на даночен рај на ЕУ

Европската Унија има намера следниот месец да ја стави Турција на црната листа на даночен рај.

Овој потег би можело да ги влоши дополнително и така затегнатите односи меѓу Анкара и најголемиот трговски блок, пишува турското издание „Дејли Сабах“ повикувајќи се на пост на „Блумберг“.

Медиумите шпекулираат дека листата би можела да се прошири со уште 36 земји, меѓу кои Србија, Ерменија, Тунис и Панама.

„Црната листа“ значи губење на инвестиции во земјата, но и можност за исклучување од меѓународниот финансиски пазар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП