
Градот Скопје ги известува граѓаните дека од денеска до сабота за сообраќај ќе биде затворена улицата Втора македонска бригада, на делницата од улицата Лазо Трповски (кај кружната крстосница) до булеварот Христијан Тодоровски Карпош. Причината за тоа se реконструкција и асфалтирање на коловозот. Сообраќајот на оваа делница ќе биде пренасочен по околната улична мрежа.

