18 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИАвстриската фондација „ЕНЕРЏИ ГЛОБ АВАРД“ додели престижна награда на македонска компанија

Австриската фондација „ЕНЕРЏИ ГЛОБ АВАРД“ додели престижна награда на македонска компанија

avstrija2

Австрискиот амбасадор во Македонија, Томас Михаел Баиер и трговското аташе на Република Австрија во Македонија, Герхард Шлатл, во име на фондацијата „Energy Globe“ ја доделија светски познатата награда за проектот „Doing more with less is success“ на македонската компанија Енефект.

Со проектот значително е подобрена енергетската ефикасност на базенот во состав на спортскиот центар „Борис Трајковски“.

„Секогаш ги поддржуваме проектите кои го штитат Светот, ја штитат Земјата. Овој ефективен повеќенаменски проект за обновлива енергија, кој помогна да се намалат загубите на енергијата и да се намали потрошувачката на вода, комплетно ја заслужи наградара на Energy Globe Фондацијата по сите критериуми. Се надевам дека и натаму ќе има македонски проекти кои ќе учествуваат и ќе се натпреваруваат за оваа престижна награда на австриската фондација.“ –  Томас Михаел Баиер, амбасадор на Австрија во Македонија.

Наградата беше доделена во просториите на Факултетот за електротехника и информациски технологии, како образовна институција која продуцира кадри од областа на енергетската ефикасност.

Оваа учебна година воведовме студиска програма од областа на обновливите извори на енергија, а исто така сме многу годи што токму наша студентка е добитник на оваа награда. Планираме дел од паркингот пред Факултетот да го направиме Центар за обновливи извори и енергетска ефикасност – фотоволтаична централа, ветерна централа и енергетски ефикасен простор од околу 500 метри квадратни.“- Миле Станковски, декан на ФЕИТ.

avstrija1

Energy Globe Award ја додели оваа награда во конкуренција на многу светски проекти.

Многу интересен и огромен проект, кој како наш предизвик, успешно го завршивме. Добивме пофалби од Светската банка која финансираше дел од проектот. Се вградија сите елементи предвидени со проектот и веќе базенот за првпат во своето постоење работи рентабилно“ Златко Попоски, сопственик на Енефект Консулт.

Според економското аташе на Република Австрија, Герхард Шлатл овој проект и оваа награда се одлична можност за директна поврзаност меѓу двете земји.

Треба да сме посебно горди на успехот да се редуцира конзумацијата на енергијата. Се надевам дека во иднина ќе ја прошириме соработката и на економско ниво. – вели Шлатл. 

Од 2012 година базенот функционира беспрекорно и со огромен успех со помош на најмодерна енергетска техника, со што трошоците за негово одржување се намелени за 70 %. Покривањето на базенот го намали испарувањето  на водата за 25%, новиот ЛЕД- концепт ги намали трошоците за осветлување за 70%, а со иновативните процеси на чистење се троши 40-60 % помалку вода. Како резултат на УВ-дезинфекција се употребува една третина помалку хлор. Водата се загрева со помош на соларна енергија – тоа штеди од дополнителни трошоци и создава додатни извори на енергија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП