12 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗSubaru го најави својот кросовер со 7 седишта

Subaru го најави својот кросовер со 7 седишта

„Subaru“ објави втора официјална слика на својот нов кросовер со 7 седишта, кој ќе се нарекува „Ascent“. Премиерата на моделот ќе се одржи на 28-ми ноември на саемот за автомобили во Лос Анџелес.

Јапонскиот производител го опишува возилото со три реда седишта, како „повеќенаменски автомобил за големо семејство“. На овој начин, „Ascent“ може безбедно да се дефинира како идеолошки наследник на моделот „Tribeca“.

Судејќи според сликата, кросовер речиси целосно ќе го повтори концептниот модел прикажан оваа пролет на саемот во Њујорк. Сериската верзија се очекуваше да ја задржи големината на прототипот – 5049 mm должина, 1989 mm ширина и 1839 mm висина.

Според прелиминарните податоци, во гамата на мотори за новиот „Subaru Ascent“ ќе биде вклучен 2.4-литарски бензински мотор со моќност од 250 КС.

Производството на овој модел ќе стартува во текот на пролетта во фабриката на „Subaru“ во Индијана. Како основни конкуренти на пазарот во САД се „Toyota Highlander“, „Honda Pilot“ и „Infiniti QX60“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП