12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШпанската економија може да плати висока цена ако продолжи кризата во Каталонија

Шпанската економија може да плати висока цена ако продолжи кризата во Каталонија

Економијата во Шпанија може да плати висока цена поради барањето за независност од страна на Каталонија, рече „Bloomberg“.

Додека премиерот Маријано Рахој интервенираше да го преземе регионот, претстојните избори во Каталонија може да се покажат како нов импулс за движењето за независност. Според „Oxford Economics“, ова значи континуирана неизвесност, која налага ризик над цените на акциите и обврзниците.

Во најлош случај проширувањето на Шпанија ќе биде послабо и економијата ќе се намали за 17 милијарди евра во 2019-та година. Оваа „неповолна“ позиција – иако не е главната прогноза на „Oxford“, претпоставува постојан раст на приносот на обврзниците од 50 базични поени и 10 отсто пад на цените на акциите во 2018-та и 2019-та година во однос на основното сценарио.

„Економското влијание на кризата со независноста на Каталонија се уште не е јасно, но зголемената политичка тензија веќе ја зголеми несигурноста до нејзините највисоки нивоа од над една деценија“, вели главниот економист за еврозоната Анхел Талавера.

Каталонската криза избувна на 1-ви октомври, кога поранешната регионална влада одржи референдум за независност, по кој се одлучи дека и се дава мандат да прогласи независност од Шпанија. Рахој одговори, повикувајќи се на уставните овластувања, така што ја ослободи Владата на Каталонија, го распушти парламентот и свика регионални избори на 21-ви декември.

Додека стотици компании, предводени од „CaixaBank“, ги преместуваат централите надвор од регионот, министерот за економија Луис де Гуиндос предупреди дека кризата зема своите жртви како од каталонската, така и од шпанската економија. Главниот индекс на Шпанија „IBEX 35“ се намалува за околу 3,5% од крајот на септември, а вредноста на 10-годишните државни хартии од вредност во однос на германските обврзници речиси не се менува.

Анализата на „Oxford“, исто така, го зема во предвид т.н. индекс на економска политичка несигурност која го мери бројот на вести што го содржат зборот „несигурност“ и сродните термини во главните шпански весници за мерење на политичкиот ризик. Тој ги надмина своите нивоа во 2016-та година кога Шпанија имаше потешкотии во формирањето влада. Довербата на домаќинствата и бизнисите, исто така, ќе страда ако нивото остане високо, вели Талавера.

Според основното сценарио, економското влијание на кризата во Каталонија ќе биде ограничено и растот ќе изнесува 2,6% во оваа година и 2,4% во следната година. Во најлошото сценарио во Каталонија, експанзијата се очекува да биде послаба – 1,5% и 2%, соодветно, во 2018-та и 2019-та година, соодветно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП