9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВиртуелните валути ќе ги укинат даноците

Виртуелните валути ќе ги укинат даноците

Членот на шведската Пиратска партија и експертот за виртуелни валути Рик Фалквинге тврди дека овој вид на валути, како биткоинот, ќе ги заменат стандардните, и дека многу светски влади ќе се испаничат поради тоа.

Фалквинге тврди дека биткоинот е – иднината на финансиите и напоменува дека било која државна институција нема да може да наметне контрола над таквите валути.

Никој нема да може да одбие одредена трансакција. Таквите пари не можат да бидат наметнати ниту запленети, што е голем проблем кој властите ќе го имаат во иднина.

Факт е дека никој нема да може да наметнува даноци, нагласува Фалквинге.

Тој верува дека населението во светот многу брзо ќе прејде од користење на актуелните валути на виртуелните, односно криптовалутите.

Промените кои виртуелните валути ќе му ги донесат на општеството ќе бидат огромни, наведува Фалквинге, пренесувааат економските портали.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП