10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПолитичката криза во Германија се заканува со интеграцијата на еврозоната

Политичката криза во Германија се заканува со интеграцијата на еврозоната

Неуспехот во преговорите за формирање на нова германска влада значи дека амбициозните планови за продлабочување на интеграцијата на еврозоната можат да бидат привремено запрени, информира „Ројтерс“, повикувајќи се на официјални лица од монетарната унија.

Лидерите од еврозоната би требало да утврдат насоки за продлабочување на економската интеграција во блокот на самит во средината на декември, при што германскиот придонес ќе има клучно значење.

„Додека Германија нема јасна позиција, тоа по подразбира Берлин нема да се согласи со ништо. Затоа одложувањето е најверојатната опција“, вели претставник на монетарната унија, кој во преговорите е за посилна интеграција.

Самитот треба да даде почетокот на шестмесечен работен период, како резултат на кој во јуни 2018-та година да биде донесена одлука дали еврозоната треба да има единствен буџет, министер за финансии и посебна структура во Европскиот парламент.

Иницијативата за продлабочување на интеграцијата, преземена од францускиот претседател Емануел Макрон, исто така, вклучува реструктуирање на спасувачкиот фонд на еврозоната во Европски монетарен фонд, како и создавање на механизам за банкрот на држави.

Процесот ќе запре додека да биде емитувано официјалното дејство на германската влада, истакна друго службено лице.

„Во овој момент не гледам какви мерки би можеле да донесат лидерите во декември или јуни за продлабочување на интеграцијата на еврозоната, додека има германска влада без мандат“, додаде тој.

Некои претставници на еврозоната забележуваат дека евентуалното одложување на преговорите за продлабочување на интеграцијата во еврозоната, не е голем проблем, бидејќи постојат стравувања за идната структура на економската и монетарната унија, кој во моментов опфаќа 19 земји.

Други, пак, велат дека моментот за планираниот почеток на преговорите е одбран така што да се искористи „прозорецот“ во 2018-та година, во кој во ниту една од големите земји од еврозоната нема да има избори, освен во Италија, ниту пак избори за европските институции.

Ако преговорите бидат одложени, одлуките за клучните прашања може да останат за 2019-та година. Тогаш сепак треба да се одржат избори за Европскиот парламент, да се состави нова Европска комисија и да биде избран нов претседател на Европската централна банка, како и претседател на Европскиот совет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП