2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОпштина Карпош: За претстојниот „Црн петок“ зголемено присуство на полицијата и пајак...

Општина Карпош: За претстојниот „Црн петок“ зголемено присуство на полицијата и пајак службите

Во пресрет на најавениот „Црн петок“ (Black Friday) во Скопје Сити Мол, Општина Карпош презема конкретни мерки за спречување на сообраќајниот метеж во овој дел од градот.

„Овој популарен шопинг настан е сериозен проблем за сообраќајот и паркирањето во овој дел на Карпош. За оваа цел, општината побара поголемо присуство на сообраќајната полиција и пајак службите за да се спречи сообраќајниот хаос кој постојано се случува на овој потег“, велат од општината.

Исто така, велат од таму, службите на шопинг центарот дополнително ќе ги насочуваат возилата на вториот влез на улица Љубљанска кој е неодамна отворен и на третиот влез на улица Манапо.

„Општина Карпош апелира до сите граѓани, сопственици на моторни возила да ги почитуваат сообраќајните правила и насоките дадени од надлежните служби. Паркирањето на возилата на зелените површини или на тротоарите ќе биде строго санкционирано“, велат од Општина Карпош.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП