2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШпанскиот изведувач бара дополнителен рок за изведба на патот Градско-Прилеп

Шпанскиот изведувач бара дополнителен рок за изведба на патот Градско-Прилеп

На денешната средба со Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и директорот на ЈП за државни патишта Зоран Китанов, претствниците на шпанската фирма „Рубау“ побарале дополнителен рок за изградба на експресниот пат Градско-Прилеп.

На средбата, се разговарало за интензивирање на активностите за изградба на експресниот пат Градско-Прилеп и надминување на состојбите затекнати во тек на изградбата, како експропријација, легализација и појава на археолошки наоѓалишта, информираат од Министерството за транспорт и врски.

„На состанокот ги разгледавме причините поради кои се доцни со реализација на овој проект. Тие понудија дополнителен рок во рамки на кој очекуваат да ја завршат изградбата на делницата Фаришка-Дреновска клисура од екпресниот пат Градско-Прилеп. Во наредниот период ќе ги разгледаме нивните предлози, но она што сакам да го потенцирам е дека ќе побараме од изведувачот квалитетна изградба на овој патен правец кој е многу важен за поврзување со Пелагонискиот регион“, изјави министерот Сугарески.

Како едно од решенијата за квалитетна изградба на овој патен правец, од страна на изведувачот е предложен нов рок за изградба, за што Министерството за транспорт и врски и ЈП за државни патишта дополнително ќе се произнесат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП