5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ: Британските банки ќе ги загубат „пасошите за ЕУ“

ЕУ: Британските банки ќе ги загубат „пасошите за ЕУ“

Главниот преговарач на Европската унија за Брегзит, Мишел Барни изјави дека после излезот на Велика Британија од ЕУ за британските банки би можеле да ги загубат своите „пасоши за ЕУ“.

„Правната последица на Брегзит е дека давателите на финансиските услуги во Велика Британија ќе ги загубат своите пасоши за ЕУ“, изјави Барни на конференцијата.

Прашањето за статусот на британските банки е значајно за финансискиот сектор на Велика Британија бидејќи со задржувањето на постојната состојба Лондон и понатака ќе биде еден од центрите на светските финансии.

Пасошите за ЕУ значат дека компанијата која има дозвола за работа во една земја од Европската економска заедница која покрај 28 членки на ЕУ ги опфаќа и Исланд, Лихтенштајн и Норвешка, може своите услуги да ги продава и во другите земји од Заедницата.

Задржувањето на пасошите за ЕУ за британските компании би значело дека Лондон мора да се согласи на правилата на ЕУ, вклучувајќи слободно движење на работниците, нешто на што остро се противат оние кои се солгасуваат со Брегзит, поради што тоа тешко ќе го прифати владата на Тереза Меј.

Барни изјави дека и Лондон треба да понуди решение за границата со Ирска, односно како таа граница и понатака да биде отворена откако Велика Британија ќе излезе од Унијата.

„Некои во Велика Британија велат дека одделни правила би го загрозиле интегритетот на Велика Британија, но дека Северна Ирска има специфични правила во многу области кои се поинакви“, изјави Барни.

Европските лидери на самиотот во декември би требало да одлучат дали е остварен доволен напредок во преговорите со Лондон за да се прејде на разговори за идната трговија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП