25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДури 70 милиони од младите во светот се без работа

Дури 70 милиони од младите во светот се без работа

Се проценува дека ширум светот има 70,9 милиони млади лица без работа, што е повеќе од 35 проценти од вкупното невработено светско население во 2017 година.

Тоа се вели во извештајот на Меѓународната организација за труд (MOR) „Глобалните трендови на врaботување на младите во 2017 година“.

„Иако глобалната стапка на невработеност на младите се стабилизираше на 13 проценти во 2016 година, се очекува дека во оваа година таа благо ќе порасне на 13,1 проценти“, се наведува во извештајот, објавен денес на официјалната интернет-страница на оваа светска организација.

Проценетитот број од 70,9 милиони невработени млади на возраст од 15 до 24 години во оваа година значително е подобар во однос на 76,7 милиони, колку што беше во врвот на кризата во 2009 година, но, како што наведуваат од MOR, се очекува дека во 2018 година нивниот број ќе порасне за уште 200.000 и ќе достигне вкупно 71,1 милиони.

Во извештајот особено се укажува на продолжувањето на неповолната положба на младите жени на пазарот за труд.

Во 2017 година, глобалната стапка на учество на младите жени во работната сила е пониска за 16,6 процентни поени отколку кај младите од машката популација. Истовремено, стапката на невработеност на младите жени исто така е значително поголема отколку кај машките врсници.

Според извештајот, 39 проценти од младите кои работат на пазарите во подем и во развој (160,8 милиони луѓе) живеат во умерена или екстремна сиромаштија во 2017 година, што значи дека дневно располагаат со помалку од 3,10 долари.

Гледано според региони, со стапката на невработеност меѓу младата популација прединчат арапските земји во кои таа оваа година ќе изнесува 30 проценти, а следи Северна Африка со 28,8 поценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП