11 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОва се најгостопримливите градови за туристи во светот

Ова се најгостопримливите градови за туристи во светот

Британскиот туристички портал состави рејтинг на најгостопримливите градови во светот за туристи – во услови кога се повеќе региони на планетата се соочуваат со огромен прилив на патници.

За составување на рејтингот, објавен на сајтот „Travelbird“, се користени податоци на ОН за 500-те најдобри туристички дестинации на светот.

Покрај тоа, компанијата анкетирала 15.000 туристички новинари. Составена е уште специјална формула која го предвид нивото на протокот на туристи во испитаните градови.

За овој показател се зема предвид бројот на локалните жители и бројот на туристите во шпицот на сезоната, количеството на местата за сместување и становите за изнајмување.

Конечно е спроведена анкета меѓу локалните жители со цел разјаснување на едно прашање – позитивно или негативно влијае туризмот на нивниот секојдневен живот.

 

Од листата, станува јасно дека ниту еден град од Македонија не е меѓу првите 100.

Во првата десетка се Сингапур, Стокхолм, Хелсинки, Сан Франциско, Ротердам, Лисабон, Токио, Осло, Цирих и Орландо.

Неколку проценки се користат за изготвување на рејтингот: експертско мислење, број на аеродроми и железнички станици, безбедност, ниво на среќа на локалните жители, погодноста за зборување на англиски јазик, обемот на дестинацијата и слично.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП