2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонија заинтересирана за привлекување украински инвестиции

Македонија заинтересирана за привлекување украински инвестиции

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, се сретна со делегација на пратеничката група за меѓупарламентарни односи со Република Македонија на Врховната Рада на Украина, составена од пратениците Андриј Шинкович, Михајло Кобцев и Роман Мацола.

„Односите меѓу Република Македонија и Украина од нивното осамостојување се карактеризираат со дух на пријателство, доверба, отсуство на отворени или спорни прашања, како и соработка во голем број области од заемен интерес“, рекол Џафери.

Во однос на парламентарната соработка, било истакнато дека пратениците од двете земји соработуваат и меѓусебно се поддржуваат во меѓународните собранија во кои членуваат парламентите на двете земји, а особено во рамките на парламентарните собранија и мисиите на ОБСЕ и на Советот на Европа.

„Двете страни се согласија дека Република Македонија и Украина ја споделуваат цврстата одлучност да станат дел од ЕУ и НАТО. Претседателот Џафери изрази благодарност што Украина ја поддржува Република Македонија на патот кон демократскиот развој и во аспирациите кон евро-атлантските структури. Република Македонија е особено заинтересирана за унапредување на економската соработка, трговската размена и привлекувањето украински инвестиции“, соопшти собраниската прес-служба.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП