2 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАШто советуваат жените менаџери?

Што советуваат жените менаџери?

Во денешно време не е лесно да се дојде до главната позиција во компанијата, особено ако сте жена. Меѓутоа, иако мал број на жени денес се наоѓаат на менаџерското место во продолжение прочитајте неколку совети поврзани за работата кои можат да ви ги дадат тие.

Пред се треба да ги оделите приватниот и деловниот живот. Исто така, на своите вработени треба да им дадете одредени насоки како треба да работат. Фокусирајте се на работата, а останатото оставете го за подоцна. Доколку на работа одработите се како што треба, тоа ќе ви помогне во домот да бидете порасположени.

Ако имате тим од луѓе мора да знаете дека треба да им бидете пример. Потрудете се да создадете тим кој ќе ви верува и кој секој предизвик ќе го прифати без одрекување.

Никогаш не смеете да глумите на работа. Без оглед што сте жена секогаш морате да бидете упорни и да целите кон тоа да ја остварите својата цел. Пронајдете средства со кои ќе дојдете до целта и остварете ја.

Иако сте шефица, никогаш не би требало, нормално доколку тоа не е повеќе од потребно, да ги задржувате вашите работници по работното време. Почитувајте го работното време и работниците ќе ве почитуваат вас бидејќи по работното време ќе имаат доволно време за сите останати работи од приватниот живот.

На работа секогаш морате да бидете љубезни без оглед за кој станува збор. Тоа не значи да бидете љубезни во секој момент, но кога ќе видите дека тоа го заслужува некој така поставете се со него.

Секогаш почитувајте го туѓото мислење и не обесхрабрувајте ги оние кои работат за вас. Понекогаш може од тие луѓе многу да научите, па затоа ценете ги што се тука и работат за вас.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП