4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШвајцарците повикуваат: Дојдете да живеете кај нас, даваме 60.000 евра

Швајцарците повикуваат: Дојдете да живеете кај нас, даваме 60.000 евра

Швајцарското село Албинен подготвено е на лицата кои би дошле да живеат кај нив барем десет години да им понуди и пари за тоа.

Жителите на ова швајцарско село во кантонот Валаис ќе гласаат на 30 ноември за новата политика и овој предлог.

Според предлогот локалната заедница, поради иселување на жителите од селото Албинен, четворочлено семејство би добило 70.000 швајцарски франци, што е над 60.000 евра.

Малото село има само 240 жители, а поради иселување мораше да ги затвори и училиштата.

Предлогот поддржува и услови кои е потребно да се задоволат. Возрасните лица мораат да бидат помлади од 45 години и треба да се согласат на живот во село во траење од најмалку десет години.

Во купување или изградба на куќа треба да вложат најмалку 200.000 франци (повеќе од 170.000 евра) и недвижнините мораат да им бидат постојан дом, а не викендица.

За тоа на новите жители ќе им бидат понудени по 25.000 франци (околу 22.000 евра) за секоја возрасна личност во семејството и дополнителни 10.000 франци (8,500 евра) за секое дете.

„Тоа е инвестирање во иднината на селото“, пишува во локалните весници. Исто така, заговорниците на овој предлог тврдат дека заедницата ќе профитира од новите семејства преку даноци, договори за изградба и купување на намирници и се што е потребно во селската трговија.

„Во најдобар случај повторно ќе се отворат и училиштата во селото“, заклучуваат.

Албинен не нуди многу можности за вработување, но првите големи градови се одалечени на околу половина час возење. А на само шест километри се наоѓа и термалното одморалиште Леукербад.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП