26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПреговорите за NAFTA остануваат во застој

Преговорите за NAFTA остануваат во застој

Преговарачите од САД, Мексико и Канада се собраа за последен пат денеска во петтиот круг преговори за реформирање на договорот „NAFTA“. Страните сепак се во застој поради контроверзниот предлог на САД за зајакнување на автомобилското производство во регионот, соопштува „Ројтерс“.

Официјални лица и лобисти велат дека Мексико и Канада цврсто ќе го одбијат барањето на САД да се зголеми минималниот праг за регионалното автомобилско производство на 85 проценти од сегашните 62,5 проценти, како и половина од тоа производство да се случува во САД.

Предлогот зазема централно место во стратегијата на американскиот претседател Доналд Трамп — „Америка на прво место“ за враќање на производствените работни места во САД, иако се соочува со сериозен отпор од автомобилската индустрија.

Претставниците на Мексико и Канада сакаат од САД да објаснат како планот за автомобилскиот сектор може да успее со оглед на скептицизмот, а и повеќе пати изјавувале дека немаат намера да одговараат на планот со контра.

Вторник ќе биде седмиот ден, во кој преговарачите ќе се состанат во овој круг, средба која се одржува во Мексико, а претставниците се надеваат да направат договор, внесувајќи извесна инерција во процесот, кој според многу набљудувачи губи брзина.

Сегашниот круг не е толку непријателски колку разговорите во октомври во Вашингтон, кога САД претставија серија тешки барања, вклучувајќи го планот за автомобилскиот сектор, вели Каролин Фроинд, виш истражувач и експерт за маркетинг во „Peterson Institute for International Economics“ во Вашингтон.

„Со оглед на централната улога на даночната реформа во САД, американската влада не сакаше да го прави овој круг важен и сакаше да ги натера технократите да преговараат за помалку контроверзните теми“, додава таа.

Очекувањата за сериозен напредок во петтиот круг ослабна кога трите земји објавија дека министрите одговорни за трговскиот дел на „NAFTA“, па нема да присуствуваат на разговорите. Можно е да нема напредок и покрај крајниот рок.

Трите земји се согласија да одржат разговори до крајот на март, кога започна новата претседателска кампања во Мексико.

Претставниците на Мексико првично изразија надеж дека некои глави конечно ќе бидат затворени во петтиот круг, на пример телекомуникациите и електронската трговија. Сепак, досега нема цврсти докази дека такво нешто ќе се случи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП