4 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПрвата Škoda на струја пристигнува во 2020-та, пред тоа хибриди

Првата Škoda на струја пристигнува во 2020-та, пред тоа хибриди

Како дел од „Volkswagen“ групацијата, која најавува големи вложувања во секторот на возила на електричен погон, „Škoda“ исто така ќе учествува во идната „офанзива“ на автомобили на струја.

Електрификацијата на „Škoda“ ќе започне со „plug-in“ хибридните верзии на моделите „Superb“ и „Kodiaq“. Двете возила ќе користат хибриден погонски систем кој се состои со 1.4 литарски турбо бензинец и електромотор од 85 kW (116 ks). Вкупната моќ на хибридниот систем ќе изнесува 160 kW (218 ks).

Првата во целост електрична „Škoda“ ќе пристигне во 2020-та, а ќе биде заснована на „Vision E Concept“ кој беше претставен во првата половина од 2017-та.

Тоа ќе биде дури трет модел на групацијата „VW“ која ќе ја користи „MEB“ механичката платформа наменета за возила со електричен погон, по највените автомобили на „Volkswagen“ и „Audi“ на струја, што значи дека „Škoda“ е високо на листата не приоритети на германскиот автомобилски гигант, кога станува збор за електричните возила.

Моделот на „Škoda“ на струха ќе биде купе-кросовер, по големина позициониран помеѓу двата „SUV“ модели – „Karoq“ и „Kodiaq“. Се очекува дека ќе користи електромотор со околу 300ks.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП