12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈапонците се повеќе извезуваат

Јапонците се повеќе извезуваат

Јапонскиот извоз забележа раст од 14 проценти во однос на претходната година во октомври, поради се поголемата побарувачка за автомобили, електрика и механизација.

Според денес објавените царински податоци, забележано е зголемување на увозот на нафта, гас и јаглен кои доведоа до тоа трговскиот суфицит да падне повеќе од 40 проценти во однос на претходната година.

Извозот влијае на умереното закрепнување во Јапонија, третата економија во светот, чии фабрики се борат да и излезат во пресрет на побарувачката за автомобили, електронските компоненти и производната опрема.

Јапонскиот увоз порасна за 19 поценти во однос на истиот месец минатата година така што во октомври изнесуваше 57 милијарди долари додека извозот изнесуваше 59 милијарди долари.

Увозот на сирова нафта, гас, јаглен и останати горива порасна за 37,5 проценти во однос на претходната година. Порастот на цените и слабеењето на јапонскиот јен во текот на минатата година придонесоа за тој пораст.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП