13 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНаредба Атина да надомести 55 милиони евра

Наредба Атина да надомести 55 милиони евра

Европската комисија и нареди на Грција да надомести 55 милиони евра кои како државна помош и ги уплатила на компанијата „HDS“ со мнозинска државна сопственост.

Оваа компанија се занимава со производство од областа на одбраната.

Грција во периодот од 2004 до 2011 година усвои бројни мерки за поддршка на компаниите, вклучувајќи директни грантови од десет милиони евра, зголемување на капиталот од 158 милиони евра и државни гаранции за заеми во износ од 942 милиони евра.

Комисијата соопшти дека со истрагата е утврдено дека голем дел од мерките на Владата на Грција ја надминале рамката на државната помош која ја контролира ЕУ бидејќи им служи на безбедносните интереси на Грција.

Сепак, некои од мерките, во вредност од 55 миллиони евра, претставуваат нелегална државна помош бидејќи со нив се поддржуваат цивилни активности на HDS, како производство на пиштоли, експлозиви за гредежништво и средства за огномет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП