
Поради закажани технички зафати во дистрибутивната електромрежа, без електрична енергија денес ќе останат: од 8.15 до 10.30 часот – корисниците од населбата Јурумлери, (општина Гази Баба) и село Долно Лисиче (општина Аеродром). Од 8.30 до 11 часот, без струја ќе бидат корисниците од дел од село Нерези (Етно село), дел од село Горни Крушопек и Средно Водно – РТВ предаватели (општина Карпош).

