11 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦенкање околу Брегзит - Лондон ќе му понуди повеќе пари на Брисел?

Ценкање околу Брегзит – Лондон ќе му понуди повеќе пари на Брисел?

Британскиот министер за финансии Филип Хамонд изјави дека ќе го изнесе предлогот на Лондон за финансиските трошоци околу Брегзит на време за следниот состанок на Европскиот совет.

„Ќе го изнесеме нашиот предлог до Европската унија навремено за Европскиот совет“, изјави Хамонд за BBC, мислејќи на состанокот на Европскиот совет закажан за 14 и 15 декември

Премиерката на Британија Тереза Меј извести дека ќе ја зголеми својата првична понуда, проценета на околу 20 милијарди евра, што е една третина од сумата која Брисел ја посакува за излез на Обединетото Кралство од ЕУ.

„Нормално „силно“ ќе преговараме за да го добиеме најдобриот можен договор за британските даночни обврзници“, изјави Хамонд.

Меј минатата недела се состана со лидерите на ЕУ за да се обиде да ги анимира стагнираните преговори за тоа колку Британија ќе плати за излезот од ЕУ, во обид да оствари нов трговски однос до март 2019 година, наведува Ројтерс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП