16 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ го пакува буџетот, акцент на младите

ЕУ го пакува буџетот, акцент на младите

Институциите на ЕУ го согласија буџетот за 2018, вреден 144,7 милијарди евра, што е за 14,1 проценти повеќе од овогодишниот, соопштено е од Европската комисија.

Буџетот, како што е наведено, стимулира нови работни места, особено за младите луѓе, поттикнува раст, стратешки инвестиции и конвергенција.

Европскиот комесар Гинтер Етингер истакна дека тоа е буџет за се, дека тој ќе овозможи создавање на нови работни места, раст на економијата и дополнителни инвестиции.

За обезбедување на подобри шанси на младите да пронајдат работа ќе бидат употребени 350 милиони евра, за поддршка на европските земјоделци 59 милиони евра, за секторот за одбрана до 2019 година вкупно 90 милиони евра и речиси 4,1 милијарди евра за решавање на мигрантските и безбедносните прашања.

Буџетот е усвоен по 16-часовна расправа, а треба формално да го одобри Европскиот парламент и Европскиот совет во рок од 14 дена.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП