5 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАЕве како да оставите подобар впечаток

Еве како да оставите подобар впечаток

dobarvpechatok

Се прашувате како да оставите подобар впечаток на вашето прво, интервју, состанок…. Секако дека е важна презентацијата. Можете да направите многу работи да изгледаат подобро отколку што се, но и обратно. Тука не станува збор за лага и неискреност, туку за правилна презентација на самите себе, нештата, работата, успесите, деловните идеи…

Ова се 10 наједноставни начини со кои можете да оставите впечаток на личност со повисок статус:

1. Немојте да бидете претерано резервирани

Не морате да имате граница со најдобрите пријатели, но со луѓе кои што не ги познавате или ви се деловни колеги или пак соработници, бидете внимателни. Немојте да навлегувате во лични детали и да зборувате за своите животни ставови и немојте да ги озборувате другите.

2. Не треба лесно да ве прочитаат

Немојте да имате ладно и безизразно лице, но немојте ниту да претерувате. Можеби мислите дека на тој начин покажувате вклученост и дека сте интересни, но оставате сосема поинаков впечаток. Нека вашите реакции бидат умерени, не претерано гласни.

3. Бидете умерени во разговорите

Претворањето на разговорот во монолог никогаш не е добро. Исто така не треба да се мешате во секој разговор. Но, немојте ниту да стоите на страна и да молчите како да сте потполно незаинтересирани. Ако немате што да кажете, вклученоста покажете ја со гестови, насмевнете се, одобрувајте или климнете со главата. Не претерано, туку само кога е прикладно.

4. Бидете смирени

„Цупкање“, префрлање на тежината од една на друга нога, зуење и слично покажуваат дека сте во непријатна положба дури и кога не сте. Допирањето на лицето, проверувањето на мобилниот и постојаното гледање на часовник не оставаат добар впечаток.

5. Не влегувајте во конфликти

Дури и кога имате вистински агрументи не е добро да влегувате во расправии. Понекогаш е подобро да се поставите над расправиите и аргументите. Ако често влегувате во конфликти, па дури и кога сте во право, никој нема да ве перцепира како личност која „знае“ туку како личност која е „конфликтна“ или „која се прави многу паметна“. Ова најмногу се однесува на гласни јавни расправии или ситни караници, бидејќи тоа секогаш ве спушта на нивото на противникот.

6. Зборувајте јасно и самоуверено

Успешните луѓе си ја знаат работата, па зборуваат јасно и директно. Тоа не е арогантен став, туку едноставен и директен говор без застој. Избегнувајте збунет говор, прекини, мрморење и делови како „хмм“, „знаете“, „што сакав да кажам“, „значи“ и слично.

7. Бидете најдобро облечената личност во просторијата

Често пати луѓето прво забележуваат како сте облечени. Секако дека костумот не го прави човекот, но помага да се остави подобар впечаток. Немојте премногу формално да се облекувате за ситуации кои тоа не го бараат и немојте да ги потсетувате другите колку сте ja платиле облеката. Така ќе делувате препотентно.

8. Сфатете ја важноста на контактот со очите

Немојте кога разговарате со другите да гледате во подот или некаде наоколу, туку гледајте го соговорникот во очи. Наведнатиот поглед често сугерира на подложност, покорност и недораснатост на ситуацијата, додека погледите на страна покажуваат незаинтересираност.

9. Задржете цврст став

Студиите често покажуваат дека високите луѓе заработуваат повеќе и често успеваат во своите кариери. Тоа нема врска со висината, туку со ставот, тие се посамоуверени. Исправете се, подигнете ја главата, погледнете се во огледало и гледајте сè додека не се навикнете на новата положба на своето тело.

10. Мора да имате сопствен простор

Простор во кој ќе се чувствувате удобно. Општо зборувајќи, дозволувајќи им на луѓето да влезат во вашиот простор вие го смалувате вашиот статус, освен во ситуации кога тоа не може да се избегне.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП