2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКарлос Слим се повлекува од тутунската индустрија

Карлос Слим се повлекува од тутунската индустрија

karlos1

Еден од најбогатите луѓе во светот, Мексиканецот Карлос Слим (73), одлучи да се повлече од тутунската индустрија во која работеше повеќе од 30 години.

Според соопштението кое е објавено на интернет страницата на Мексиканската берза, Слим одлучил да продаде 20 проценти од акциите на компанијата „Филип Морис Мексико“ за 700 милиони долари, а како што се проценува, продажбата ќе биде заокружена во септември оваа година.

„Филип Морис“ во Мексико во 2012 година имал удел на пазарот со тутун од 74 проценти, со годишна продажба од 34 милијарди цигари.

Слим, според неодамна објавената ранг листа на „Блумберг“ за најбогати луѓе на планетата, се симна од прво на второ место бидејќи во тековната фискална година неговото богатство се намали за 14 проценти, на 71,2 милијарди долари.

Најбогатиот Мексиканец, имено, поради мартовската одлука на мексичкиот Конгрес за промена на регулативата на домашниот телекомуникациски пазар, загуби три милијарди долари. Со оваа реформа, компанијата на Карлос Слим „Америка Мовил“, која имаше монопол на мексиканскиот пазар на телекомуникации, неможе да го надмине пазарниот удел од 50 проценти.

Телекомуникациската дејност, инаку, е основниот бизнис на Карлос Слим во Мексико и во повеќето земји од Латинска Америка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП