13 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНајверојатно наследникот на WRX STI ќе биде хибрид

Најверојатно наследникот на WRX STI ќе биде хибрид

Идниот наследник на „Subaru WRX STI“ не само што ќе се раздели со името „Impreza“, туку и со својот сегашен 2,5-литарски турбо мотор. Сепак, седанот најверојатно ќе биде хибрид.

За изданието „Dutch Autorai“, директор за продажба и маркетинг Давид Стрито, рече дека „Subaru“ нема да брза да го развие целосно новиот модел. Како причина за ова, Стрито го посочи развојот на пазарот, кој внимателно се следи во компанијата.

Според различни извори, следниот „STI“ ќе биде опремен со 2.0-литарски турбо мотор со погон на предните тркала. За возврат, задниот дел ќе се потпре на електричен мотор. Причината за менување на единицата за возење е дека моменталниот мотор нема да може да ги задоволи еколошките стандарди кои стапуваат на сила. Сепак, производителот ќе го задржи системот 4×4.

Се очекува новите „WRX“ и „WRX STI“ да бидат лансирани најрано во 2020-та година, при што двата модели ќе се базираат на „Subaru Global Platform“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП