26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТуристите во Грција трошат во просек по 67 евра дневно

Туристите во Грција трошат во просек по 67 евра дневно

Туризмот во Грција е еден од секторите што ја придвижуваат економијата на земјата. Најновите податоци од секторот покажуваат мало зголемување на средствата што туристите ги трошат кај нашиот јужен сосед.

Статистичките податоци покажуваат дека во текот на првите шест месеци од годината, туристите во Грција потрошиле 67 евра дневно, во просек 435 евра за целиот свој престој. Ова претставува пораст од 1% за истиот период во 2016-та година, пишува грчкиот дневен весник „Катимерини“.

Престојот на туристите во земјата е во просек 6,5 ноќевања, што претставува намалување од 0,9% на годишна основа. Речиси 90% од посетите се концентрирани во шест области – Атика (1.97 милиони посетители), Централна Македонија (1.95 милиони посетители), Крит (1.37 милиони), Јонски Острови (597 илјади) и Источна Македонија и Тракија (519 илјади).

Останатите повеќе од 1 милион посетители во Грција во првите шест месеци од годината се распределуваат во други региони, вклучувајќи ги Пелопонез, Тесалија и Западна Македонија.

Крит е регион каде што туристите трошат најмногу пари за време на нивниот престој – 663 евра, покажуваат податоците.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП