30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрафик на денот: Компании кои имаат највисоки суми на оф-шор сметки

График на денот: Компании кои имаат највисоки суми на оф-шор сметки

Десет компании од рангирањето „Fortune 500“ имаат повеќе од 1.000 милијарди долари на оф-шор сметки во 2016-та година, според податоците на „Statista“.

Според новиот извештај на „Institute on Taxation and Economic Policy“, технолошкиот гигант „Apple“ има најмногу корист од даночните раеви. Компанијата има вкупно 246 милијарди долари во три подружници во Ирска. Според проценките, овој огромен износ доведе до затајување данок за 77 милијарди долари.

Технолошките компании доминираат во топ 10, а „Microsoft“, „IBM“, „Cisco Systems“ и „Google“ се приклучуваат на „Apple“. Тие имаат вкупно 586 милијарди долари во оф-шор сметки.

На второ место, сепак е фармацевтска компанија – „Pfizer“, која поседува 199 милијарди долари во оф-шор сметки. На листата има уште еден фармацевтски гигант – „Merck“, но со многу помал износ – 63 милијарди долари.

На последното место во топ 10 е „Exxon Mobil“ со 54 милијарди долари.

Според извештајот, компаниите од „Fortune 500“ имаат вкупно над 2,600 милијарди долари како акумулирана добивка во оф-шор сметки за даночни цели. Само 30 од компаниите во „Fortune 500“ формираат 68% или 1,760 милијарди долари од износот во оф-шор сметки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП