22 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАДоларот закрепна, но загриженоста останува

Доларот закрепна, но загриженоста останува

Доларот закрепна од четиринеделниот минимум во однос на јенот.

Тоа се случи откако на светските пазари зајакна побарувачката за поризичен имот по наглата распродажба на акции и долари, како и зголемените инвестиции во активата која се смета за сигурно скривалиште во изминатите недели.

Со закрепнувањето на цените на акциите во Азија и Европа, како и на Волстрит, пазарите се отворени на повисоки нивоа, а доларот зајакна за третина проценти на 113,17 јени, што е повеќе во однос на минимумот од 112,47.

Во однос на корпата валути, доларот беше за 0,2 проценти во пораст, по падот во средата на најниското ниво во периодот од речиси четири недели.

Поради загриженоста во врска со плановите за даночните реформи во САД, доларските добивки беа ограничени.

Бидејќи доларот закрепна, еврото ослаби за четвртина процентни на 1,1764 долари, намалувајќи се од максимумот забележан во средата од дури 1,1862 долари, што беше највисокото ниво на оваа валута во повеќе од месец дена.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП