17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДраги не се откажува: Ако има потреба продолжуваме

Драги не се откажува: Ако има потреба продолжуваме

И покрај подобрувањето на економската ситуација во еврозоната, Европската централна банка мора да биде внимателна при процесот за нормализација на монетарната политика.

„Тоа се рефлектира во одлуките за монетарната политика кои ги донесовме минатиот месец, а кои имаат за цел да укажат на нашата растечка доверба во економијата на еврозоната, но и истовремено да порачаат дека мораме да бидеме внимателни и упорни со цел инфлацијата да се поврати кон целното ниво“, изјави претседателот на ЕЦБ Марио Драги на конференцијата за новинари во Франкфурт.

Претседателот на ЕЦБ повтори дека програмата за „квантитативно олабавување“ би можела да продолжи и по септември 2018 година, „ако за тоа има потреба“.

„И покрај напредокот во реалната економија, нашата задача, од аспект на монетарната политика, не е завршена, бидејќи сеуште не забележавме одржливи прилагодувања кај курсот на инфлацијата“, изјави Драги.

Податоците објавени во четвртокот покажаа дека базната инфлација во еврозоната, од која се одземени колебливите цени на храната и енергијата, достигнала 1,1 проценти во октомври, а целта на ЕЦБ е нешто под 2,0 проценти.

ЕЦБ, во најновите прогнози, проценува дека бруто домашниот производ (БДП) на еврозоната ќе достигне 2,2 проценти во оваа и 1,8 проценти во наредната година, а базната инфлација 1,2 проценти и 1,3 проценти респективно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП