Сообраќајот на магистралниот пат А-4 Радовиш-Струмица кај клучката Воиславци од утрово од 4:40 часот се пренасочува поради сообраќајна незгода, информираат од АМСМ.
Оттаму потсетуваат дека од 15 ноември стапи во сила законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без оглед на временската состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 март 2018 година.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.