
Времето во Македонија ќе биде облачно со слаби локални врнежи од дожд, претежно во југоисточните делови.


Времето во Македонија ќе биде облачно со слаби локални врнежи од дожд, претежно во југоисточните делови.
Утринската температура ќе се движи од 2 до 11, а дневната од 7 до 13 Целзиусови степени.
Во Скопје слично време, облачно со слаби врнежи од дожд. Утринската температура ќе се спушти до седум, а дневната ќе се искачи до 11 степени.
В недела ќе преовладува променливо облачно време, кон крајот на денот во северозападниот дел од земјава ќе има врнежи од дожд кои на планините и на некои повисоки места ќе преминуваат во снег. Врнежите ќе продолжат и в понеделник претпладне кога ќе дува засилен северен ветер и ќе предизвика значителен пад на температурата.