25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУсвоени измените на Законот за придонесите од задожителното социјално осигурување

Усвоени измените на Законот за придонесите од задожителното социјално осигурување

Предлог-законот за изменување на Законот за придонесите од задолжителното социјално осигурување беше усвоен на вчерашната седница на Владата.

Со овој закон се предвидува корекција на висината на највисоката месечна основница за пресметување и уплата на придонесите за примањата од работен однос од еден обврзник за пресметка и уплата на придонеси.

Од Владата велат дека предлог-одлуката е донесена за да се обезбеди непречено задолжително социјално осигурување на категоријата индивидуален земјоделец, односно на лицата на кои земјоделската дејност им е единствено занимање и кoи остваруваат приход по основ на вршење земјоделска дејност.

На седницата беше усвоен беше и предлог-законот на Министерството за здравство за изменување на Законот за здравственото осигурување, со кој се предлага промена на категоријата осигуреници – носител на семејно земјоделско стопанство, во категоријата осигуреници – индивидуални земјоделци, со цел, како што појаснуваат од Владата, нивно непречено внесување во системот на задолжителното социјално осигурување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП