26 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗVolkswagen инвестира 10 милијарди евра во хибриди и електрични автомобили за Кина

Volkswagen инвестира 10 милијарди евра во хибриди и електрични автомобили за Кина

Германскиот концерн „Volkswagen“ планира огромна инвестиција во Кина, каде што ќе развие и продаде 40 нови модели со електрични и хибридни мотори. За таа цел, 10 милијарди евра ќе бидат инвестирани до 2025-та година, објави „Ројтерс“.

Главниот извршен директор на „Volkswagen“, Јохан Хајцман, рече дека во следните 2-3 години неговата компанија ќе понуди 15 такви модели на пазарот. До 2025-та година, уште 25 електрични возила мора да бидат подготвени.

Во мај, групацијата „Volkswagen“ формираше заедничко вложување со кинеската државна компанија „Anhui Jianghuai Automobile Co. Ltd“ (JAC Motors) за да помогне во овој напор. Заедничкото производство ќе започне во првата половина од 2018-та година, а првите модели ќе бидат достапни во втората половина на истата година.

Во моментов, „Volkswagen“ ќе понуди на најголемиот пазар за автомобили 10 електрични и хибридни возила, но тие се увезуваат надвор и нивната продажба не е висока. Според Хајцман, сосема е реално дека во 2020-та година компанијата ќе продаде 400.000 нови модели на вакви автомобили, а во 2025-та година нивниот број ќе скокне до 1.5 милиони годишно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП