Од Градот Скопје известуваат дека до денеска до 13 часот до архивата на Градот се доставени 133 барања за надомест на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на Скопје за купување печки на пелети.
Оттаму велат дека комисијата веќе почнала да ги разгледува пристигнатите барања и наскоро ќе врши увид на инсталираните печки кај барателите што ги исполниле условите наведени во објавениот јавен повик.