2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОдржан Инфо ден во соработка со Сојузот на стопански комори на Македонија...

Одржан Инфо ден во соработка со Сојузот на стопански комори на Македонија во Битола

Компании, членки на Сојузот на стопански комори на Македонија од Битола земаа учество на денешниот Инфо денот одржан во Битола како дел од  циклусот на промотивни активности за програмата „Еразмус плус“ во организација на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност во Македонија.

Презентери на настанот беа Љупка Ќиркчиева и Мартина Најдоски, претставници на Агенцијата кои ја претставија програмата на Европската комисија во делот на образованието, обуката и младите, „Еразмус плус 2014-2020“, како и иницијативите на ЕУ, „Еуропас“ и „Евридика“.

Сите учесници на денешната трибина беа охрабрени да земат директно учество во трите клучни акции наменети за учењето преку индивидуални мобилности, соработка за иновација и размена на добри практики, како и поддршка на реформата на политиките кои ги покриваат сите типови на активности. Токму, програмите се со цел учесниците да се стекнат со искуства од своите врсници и колеги од цела Европа.

Како програма, „Еразмус плус“ им нуди на заинтересираните да партиципираат во друга програмска држава за учење, работа, предавања воедно да обучуваат или развиваат професионални вештини и компетенции, но и да развиваат билатерални и мултилатерални партнерства, зависно од секторот. Програмата претставува комбинација од 7 европски образовни програми, програми за обука и млади, и за прв пат во својата структура го додава спортот.

Вкупниот буџет за ЕРАЗМУС+ изнесува 14.7 милијарди евра, зголемувајќи го претходно постоечкиот буџет за сите програми за 40%. Нуди зголемени можности за учење во странство за ученици и наставен кадар. Грантираните проекти ќе обезбедат обука за приближно 4 милиони лица и 125.000 организации.

На Инфо денот во Битола, се покажа интерес за клучнa акција 2 – „Соработка за иновација и размена на добри практики им овозможува на организациите да работат заедно, со цел да ги подобрат нивните мерки за учениците и да споделуваат иновативни практики.

Оваа клучна акција е комбинација на децентрализирани проекти спроведени од Национални агенции и централизирани активности менаџирани од страна на Извршната агенција на Европската комисија. Повикот за предлог проекти и Водичот за корисници Еразмус+ , се објавени и во нив се детално се објаснети сите информации за апликациите за програмата Еразмус+.

Соработка за иновација и размена на добри практики им овозможува на организациите да работат заедно, со цел да ги подобрат нивните мерки за учениците и да споделуваат иновативни практики.

Оваа клучна акција е комбинација на децентрализирани проекти спроведени од Национални агенции и централизирани активности менаџирани од страна на Извршната агенција на Европската комисија. Повикот за предлог проекти и Водичот за корисници Еразмус+ , се објавени и во нив се детално се објаснети сите информации за апликациите за програмата Еразмус+.

Следни инфо денови Агенцијата планира да спроведе во повеќе градови низ Македонија поточно во Кочани и Ресен.

Покрај наведените настани Националната агенција планира и реализација на ЕКВЕТ конференции во насока на подигнување на свесноста во овој образовен сегмент.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП