28 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБиткоинот проби 8.000 долари

Биткоинот проби 8.000 долари

Побарувачката на биткоини(BTC) се зголеми до крајот на неделата, при што најголемата криптовалута во светот се проби преку 8.000 американски долари.

Цените срамежливо се вратија откако побарувачката за биткоин кеш (BCH) се зголеми за време на викендот, што го испрати биткоинот(BTC) да падне на најниско ниво од 5.600 долари.

Оттогаш па натаму биткоинот повторно се тркала напред, додека биткоин кеш опаѓаше.

Најновиот биткоин бран доаѓа во услови на понатамошни регулаторни случувања на пазарот на криптовалутите.

Во текот на ноќта, извршниот директор на берзата во Чикаго (CME) соопшти дека ќе воведе мерки за спречување на нестабилноста откако биткоин фјучерсите пораснаа.

Следува објавата претходно овој месец од берзата во Чикаго – најголемата берза за размена на фјучерси во светот – дека ќе започне тргување со биткоин фјучерси пред крајот на годината.

Новиот инвестициски простор привлекува сѐ поголемо внимание и на институционалните инвеститори. Најголемата американска платформа за тргување со биткоини- Coinbase најави нова побезбедна платформа во обид да привлече што поголем број хеџ-фондови.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП