3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИSiemens дели 6.900 откази, кој ќе настрада?

Siemens дели 6.900 откази, кој ќе настрада?

Германскиот индустриски конгломерат „Siemens“ најави укинување на 6.900 работни местa ширум светот, како одговор на промените кои се случуваат во секторот на енергија.

Речиси половина од најавените кратења ќе бидат реализирани во Гермаnија, се наведува во соопштениетo на компанијата, а пренесува американската АП.

„Намалувањата се неопходни за да обезбедиме нашата екпертиза во технологијата со електрани, генератори и големи електрични мотори да остане конкурентна на долг рок. Тоа е цел до која тежнееме со помош на мерките кои ги преземаме“, иzјави директорката на одделението на Siemens за човекови ресурси Јанина Кугел.

Акциите на Siemens, кој вработува 372.000 лица ширум светот, незначително се променија по овие вести.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП