28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСе повеќе сиромашни во најпросперитетната земја во ЕУ

Се повеќе сиромашни во најпросперитетната земја во ЕУ

Германија е економска локомотива за развој на ЕУ, меѓутоа, во оваа земја се шири сиромаштијата и процентот на сиромашни расте.

Тоа се тврдењата на независната организација „Човековото достоинство е човеково право“, а се додава и дека во 2015 година сиромаштијата во Германија била највисока од обединуваето, 1990 година.

Податоците на германската Влада откриваат дека ризикот од сиромаштија се искачил од 12 проценти во 1995 година, на околу 16 проценти во 2014 година.

Според извештајот на невладината организација, стапката на сиромаштија во Германија достигнала рекордни 15,7 проценти, односно 12,5 милиони Германци се означени како сиромашни.

Германија има статус на една од економски најуспешните и најпосакуваните земји за живот.

Таа е главна дестинација за мигрантите од Блискиот Исток и северна Африка, како и за мигрантите од источните земји на ЕУ.

Германија е држава со висок стандард и ниска стапка на невработеност, како и социјално развиена земја која им дава приходи на загрозените, наведуваат економските портали.

Оттаму постепеното зголемување на бројот на сиромашни е загрижувачки, бидејќи претставува тренд во економски најразвиената земја на ЕУ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП