Инфлацијата во Русија изнесува 2,6 проценти на годишно ниво на 15 ноември 2017 година, изјави гувернерката на банката на Русија, Елвира Набиулина.
„Според најновите проценки, заклучно со овој датум, инфлацијата изнесува 2,6 проценти на годишно ниво“, изјави таа, додавајќи дека „основните и привремени фактори (зајакнатата рубља и рекордната жетва) влијаеле на забавувањето на инфлацијата“, пренесува агенцијата Тас.
Руската централна банка очекува дека инфлацијата до краjот на 2017 година ќе изнесува меѓу 2,5 и 2,7 проценти.